Кавадарци, 09.07.2000 г.
Христијанска Адвентистичка Црква
Драги пријатели, браќа и сестри во Христа,
На почетокот сакаме да ве поздравиме со поздравот на апостол Павле:
„Благодат ви и мир од Бога Отецот и нашиот Господ Исус Христос.“
Ви се јавуваме од Македонија, од Кавадарци, град со отприлика 40.000 жители
кој се наоѓа во централниот дел на Македонија. Со ова писмо би сакале да
ви кажеме нешто за нашата црква, за нејзините активности и да ве замолиме
за помош во нејзините потреби. Наиме делото во Кавадарци се проповеда веќе
скоро 60 години. На почетокот тоа била група од неколку верника. Делото
се развивало доста тешко. На почетокот на шеесетите години купена е куќа
со отприлика 50м2 на спратот и 35м2 во приземјето
која во тоа време била доволна да ги задоволи потребите на верниците. Денес,
скоро 40 години подоцна, црквата брои 85 верника, и веќе десетина години
наназад се среќава со сериозен проблем на простор. Од друга страна куќата
е веќе поприлично стара, потребна е реконструкција на кровната конструкција,
подот на „црквата" е направен од дрвени греди и постои реална опасност
тие греди да попуштат под товарот на верниците. Во решавањето на овој проблем
имавме големи проблеми со локалните власти кои ги кочеа сите наши барања
за добивање дозвола за изградба на нова црквена зграда. Пред шест месеци
на власт дојдоа луѓе кои имаа разбирање за нашиот проблем и успеавме да
добиеме дозвола за изградба на црквена зграда со отприлика 240м 2
корисна површина и 35м2 одрумска поврсина. Во неа ќе биде сместен
стан за проповедникот, црквена сала со отприлика 100м2 корисна
површина и уште една помала повеќе наменска сала од 60м2 корисна
површина која ќе служи како детско одделение, место за обред на понизност
и за заеднички активности. Веруваме дека изградбата на оваа зграда за еден
подолг период ќе ги задоволи нашите потреби.
До сега успешно се справувавме со проблемите кои стоеја пред нас, но проблемот
кој сега е пред нас сакаме да го поделиме со вас. Наиме, во предсметката
за изградба на црквата стои сумата од 90.000 ДМ. Нашиот народ не
може да се пофали со некои особени материјални средства, тоа не можел да
го направи ниту во времето на апостол Павле, ниту пак во времето на нашето
заедничко живеење во поранешна Југославија во која Македонија беше едно
од најнеразвиените подрачја. Ние имаме една мала материјална подлога, која
ниту оддалеку не е доволна да ја задоволи изградбата на нашата црква. Затоа,
драги пријатели и браќа и сестри, ние сакаме да ве повикаме да во рамките
на вашите материјални можности ни помогнете колку што можете. Не сакаме
овој наш повик да биде товар за вас, туку ваша добра волја.
На сите вам кои ќе се одѕвиете на овој наш повик, сакаме најсрдечно да
ви заблагодариме. Вашиот доброволен прилог можете да го испратите на нашата
девизна сметка:
Христијанска адвентистичка Црква,
Сметка бр: 41620-623-37-10054-64
Стопанска Банка А.Д. Скопје, филијала Кавадарци.
На крај примете топли поздрави од браќата и сестрите од Кавадарци, и Бог
сите да ве благослови.
Пастор Томе Трајков
Кавадарци
п.с. Кликнете овде
за да го видите проектниот план за изградба на новата црква во Кавадарци
|