Добредојдовте | Информации за нас | Црковна програма | Здрава исхрана | Постојани теми | Фотографии
Изградба на црквата | Линкови | Книги | Пастор | Прашања и одговори | Дописна школа | Контакт
   Информации за нас
Адвентистите во зборови и на дело
Верување     >>Ние во светот<<     Црквата низ бројки


Adventisticka crkva - logo



ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА
Месна црква Кавадарци
ул. Кирил и Методиј бр. 7
1440, Кавадарци
Р. Македонија


Тел. +389 43 414-124
E-mail:
tomehac@mt.net.mk

 


Web Design
Tony48 Network

 

АДВЕНТИСТИЧКАТА ЦРКВА ВО СВЕТОТ


    АДВЕНТИСТИТЕ живеат и дејствуваат во сите краишта на светот. Тие во цел свет развиваат добрососедски односи и заедница со сите луѓе на сите раси, народи и народности, јазици и култури, без оглед на нивната филозофска, верска, политичка и која и да е друга определба и припадност, зашто Христијанската адвентистичка црква не е национална, туку интернационална црква - големо светско адвентистичко семејство со околу 10 милиони крстени верници и со неколку милиони свои пријатели и симпатизери како потенцијални верници на Црквата која прераснува во силно адвентистичко движење кое станува се поприсутно во светот.

    Адвентистите статус на црква имаат во 204 од вкупно 230 земји во светот, колку што се регистрирани при Обединетите нации, а зборуваат и евангелието го проповедаат на 725 јазика и на уште 1.000 додатни дијалекти. Оваа Црква е позната во светот по својата мошне богата издавачка дејност - има 55 издавачки куќи кои секој ден приготвуваат и печатат многубројни изданија со евангелска и друга содржина чијшто вкупен тираж е огромен. Адвентистичките радио-станици (AWR) емитуваат 1.000 часови седмично на повеќе од 40 јазици. Адвентистичкото семејство во светот секој ден се зголемува со нови 2.014 верници, со годишен прираст од над 8,2%, кој веќе е надминат, бидејќи овие податоци се земени од извештајот за 1997 година. Адвентистите на седмиот ден имаат најсеопфатен образовен систем на светот и најраспространета мрежа на здравствени установи.

    Начелно адвентистите политички се неопределени, но се лојални граѓани на својата земна татковина. Тие чувствуваат одговорност пред општеството во кое живеат, ги почитуваат и ги извршуваат сите граѓански и општествени должности, мотивирани од љубов.

    АДРА (Адвентистичка добротворна, хуманитарна, служба) - Љубовта кон ближните кај адвентистите се покажува на дело, а не само со проповедање на евангелието. Со своите многубројни воспитни, здравствени, хуманитарни и други установи од сите категории, тие прават добро според Христовиот пример. Организираат аналфабетски курсеви во земјите со голема неписменост, и насекаде разни семинари, трибини, предавања и други активности се со цел да се подобри квалитетот на животот и да се развијат добри меѓучовечки односи. Во светот е позната АДРА која во сите земји дава мошне значаен придонес во хуманитарните акции, помагајќи им на луѓето погодени и загрозени од сиромаштија, од елементарни непогоди, епидемии, глад и од други катастрофи. Во Република Македонија е регистрирана АДРА-Македонија како дел на маѓународна АДРА. Таа во Р.Македонија, како хуманитарна организација, собира и дистрибуира помош во храна, облека, лекови, медицинска опрема итн. АДРА-Македонија прифаќа хуманитарна помош од меѓународна АДРА и истата ја дистрибуира во Р.Македонија.




ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО БИБЛИЈАТА!

    Библијата е темел на адвентистичката наука, на нејзиното верување и живот. Таа е предводник на времето и на настаните во него и стои на чело на иднината. Во ова наше зајазлено време и во безизлезот во кој се подлабоко тоне светот, таа нуди излез, нуди иднина! Затоа сесрдно ви ја препорачуваме неа - Божја книга - во која ќе го пронајдете она што не сте го пронашле ниту пак можете да го пронајдете во која и да е друга книга - одговор на вашите неодговорени прашања, решение на вашите нерешливи проблеми,... ќе најдете своја иднина!

    За таа цел ви го препорачуваме курсот на Дописната библиска школа, насловен како "Славните вистини на Библијата", кој се состои од 24 лекции што можете да ги добивате дома по пошта. Курсот е мошне интересен, бесплатен и без никакви обврски. Во него учествуваат стотици илјади луѓе од сите возрасти во цел свет и кај нас. Зошто да не се обидете и Вие? Тоа е одлична и духовна и физичка релаксација со вечни вредности. Затоа слободно и без притеснување обратете се и барајте ги првите лекции на адреса:

ДОПИСНА БИБЛИСКА ШКОЛА
Поштенски фах 215
91001 СКОПЈЕ
Издава: Христијанска адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) во Р. Македонија, поштенски фах 215, 91001 Скопје

Одговара: Ѓорѓи Трајковски

 

 

Copyright © 2000,2001 Seventh Day Adventist Church
Created and maintained by Tony48 Network