Добредојдовте | Информации за нас | Црковна програма | Здрава исхрана | Постојани теми | Фотографии
Изградба на црквата | Линкови | Книги | Пастор | Прашања и одговори | Дописна школа | Контакт
   Информации за нас
Адвентистите во зборови и на дело
>>Верување<<     Ние во светот     Црквата низ бројки


Adventisticka crkva - logo



ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА
Месна црква Кавадарци
ул. Кирил и Методиј бр. 7
1440, Кавадарци
Р. Македонија


Тел. +389 43 414-124
E-mail:
tomehac@mt.net.mk

 


Web Design
Tony48 Network

 
    Бог толку го милее светот, што го даде и својот единороден Син, за ниеден кој верува во него да не загине, туку да има живот вечен" (Јован 3,16).

ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА
(ЦРКВА НА АДВЕНТИСТИТЕ НА СЕДМИОТ ДЕН)

ЦРКВА НА СИТЕ НАРОДИ

Накратко, во што веруваме ние адвентистите:

    ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ - било главен предмет на проучување на Библијата во текот на сите векови. Како резултат на испитувањето на оваа голема вистина, меѓу протестантите во многу земји во почетокот на деветнаесеттиот век настанува адвентистичкото движење, за малку подоцна да биде организирана Христијанската адвентистичка црква (Црква на адвентистите на седмиот ден) со цел да го продолжи делото на реформацијата и да ги врати во живот занемарените принципи и вистини на првобитното христијанство.

    СВЕТОТО ПИСМО - Стариот и Новиот завет (Библијата) - е единствен авторитет на христијанското учење и единствено мерило на верата "која еднаш засекогаш им е предадена на светите". Изворната мисла на Библијата стигнала до нашите денови неизменета како "реч на живиот Бог која останува довека".

    ОСНОВНО УЧЕЊЕ на Светото писмо е науката за Свето Тројство - Отецот, Синот и Светиот Дух. Во планот на спасението на човекот Светото Тројство дејствува единстевено: Отецот од љубов го дал својот единороден Син за спасение на човечкиот род; Исус Христос, преку кого е создадено се, го положил животот за да го откупи човештвото, воскреснал, сега посредува за нас во небесната светиња и пак ќе дојде; Светиот Дух - Христов заменик на земјата - го обновува Божјиот лик во човекот, помагајќи му да живее според начелата на Христовото учење.

    ХРИСТОВОТО ЕВАНГЕЛИЕ - радосна вест - станува "сила Божја за спасение секому кој верува" во Христа како свој заменик, зашто Бог толку го милее светот, што го дал и својот единороден Син да умре наместо човекот (Јован 3:16). Грешникот се ослободува од гревот со Христовата милост и добива нова природа со дарот на Светиот Дух.

    КРШТАВАЊЕТО се врши со нуркање во вода, во согласност со Христовиот пример, онака како што се правело во апостолската црква.

    ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ се мерило на правдата на Божјиот суд, а нашата послушност кон моралниот Закон е израз на нашата љубов кон Бога, зашто Христос рекол: "Ако ме љубите, ќе ги држите моите заповеди."(Јован 14:15)

    СЕДМИОТ ДЕН - САБОТА - со четвртата Божја заповед е одреден како ден за одмор.(2.Мојсеј 20:8-11) Секоја Божја заповед е непроменлива како и нејзиниот Законодавец, и затоа Божјето барање да се празнува седмиот ден и денеска важи за сите христијани - според примерот на Исуса Христа, кој редовно присуствувал на богослужение во "саботен ден".

    ПО СВОЈАТА ПРИРОДА човекот е смртно суштество. Само Бог е бесмртен. Никој не може да добие вечен живот без Христа кој единствено може да му даде на човекот бесмртност. Тоа ќе го стори дури при своето второ доаѓање.

    ПО СМРТТА, сите луѓе, и христијаните и нехристијаните, спијат во своите гробови со сон без соништа до денот на воскресението, кога секој ќе стане да прими плата "според своите дела".

    ВОСКРЕСЕНИЕТО на праведниците ќе се одигра при второто Христово доаѓање, а воскресението на грешниците илјада години подоцна, како што е напишано: "Блажен и свет е оној кој има дел во првото воскресение..."(Откровение 20:6). "А другите мртовци не оживеаја додека не поминаа илјада години."(Откровение 20:5)

    ВТОРОТО ХРИСТОВО ДОАЃАЊЕ е надеж на Црквата, како што кажува Божјата книга, Библијата, на многу места на своите свети страници од почеток до крај. Латинскиот збор адвентус значи доаѓање, а адвентист е оној кој го очекува второто скорашно Христово доаѓање, кога Христос ќе му стави крај на гревот на нашата земја и кога ќе создаде ново небо и нова земја каде што живее правда. Денот и часот на неговото второ доаѓање не може да го одреди никој, но, според Христовите зборови, денеска секој може да знае "дека е близу, пред врата", и цел свет треба да обрне внимание на знаците кои повикуваат на подготовка за тој величествен настан. На второто Христово доаѓање му претходи суд на небото. Неговото доаѓање ќе го означи почетокот на вечниот живот на нашата обновена планета.

    НА ЗДРАВЈЕТО на телото како "Божја црква", во која "живее Божјиот Дух", адвентистите му придаваат големо значење во согласност со библиското учење за човекот како спој на физичката, интелектуалната и духовната природа; затоа тие го отфрлаат пушењето, алкохолните пијалаци и другите штетни стимулативни средства на зависност и дроги. Со својот успешен петдневен план за одвикнување од пушењето и со борбата против алкохолизмот, адвентистите даваат свој активен придонес во превентивната медицинска заштита.

Copyright © 2000,2001 Seventh Day Adventist Church
Created and maintained by Tony48 Network