ДАЛИ СМЕ НИЕ НА РЕД ПОСЛЕ ТИТАНИК?
НЕШТО НЕ Е ВО РЕД СО НАШИОТ СВЕТ
Сакам да ви раскажам една приказна за еден
ученик од основно училиште кој едно попладне ја решавал својата домашна задача.
Бидејќи му било потребно прикладен вовед, момчето отишоло кај својата мајка која
во кујната припремала вечера. Без посебен вовед, момчето како гром од ведро
небо, запрашало: "Мајко, како сум роден?" Мајката очекувала дека еден ден синот
ќе и постави такво прашање за потекло на човекот, но во овој миг таа никако не
била спремна да разговара за птиците и пчелите. Да би се ослободила од него, таа
одговорила со познатата крилатица: "Те донесе штркот!"
Момчето потоа се упатило во дневната соба
каде што била неговата баба која плетела. Повторно, без предупредување, го
поставил истото прашање: "Бабо, како е родена мајка ми?" Бабата, која припаѓала
на остатокот од викторијанското време, не сакала опширно да одговори на тоа
прашање, па итро одговорила: "Дете мое, твојата мајка ја донесе Штркот!" "Но,
бабо" - момчето упорно настојувало, "како си ти тогаш родена?" "И мене ме донел
Штркот!" - одлучно одговорила бабата.
Момчето
љубезно се заблагодарило и се вратило во својата работна соба, го зело пенкалото
и почнало да го пишува воведот на својата задача: "Во нашата фамилија веќе три
генерации немало нормално породување!"
Навистина на нашата планета веќе долго време
немало нормално раѓање! Нешто се случува со човечката цивилизација во последните
часови на овој век. Секако, во некои делови на нашиот свет и во некои
општествени слоеви денеска привидно е подобро отколку порано! На некои и денеска
им цветаат рози. Сепак, не е ни чудно што не сме подруги од патниците на Титаник
кои безгрижно патувале под ѕвезденото небо занесени од звуците на музиката, не
размислувајќи за злото што ги чека во темната ледена ноќ?
ДАЛИ СМЕ НИЕ НА РЕД ПОСЛЕ ТИТАНИК
Светот целосно го изгуби паметот поради
филмот "Титаник"! Овој филм на Џемс Камерон стана до сега најголема филмска
приказна. Во Мексико е прогласен за најгледан филм, а исто така и во Соединетите
Американски Држави, Словачка, Франција, Русија, Кина, Кореја и во други земји.
Во Кореа илјадници чекале во редови од 7 часот наутро за да купат карти за
претставата. "Титаник" е првиот филм во историјата на кинематографијата чиј
вкупен приход ја надмина бројката од 1,5 милијарди американски долари. За прв
пат во историјата во исто време доделени се прво место за филмот, за филмската
музика и книгата напишана врз основа на филмот. Никогаш досега филмската музика
не била така брзо распродадена како музиката на овој филм. Песната"Моето срце ќе
живее и понатаму" веднаш стана хит по целиот свет. Од кога "Титаник" доби
единаесет Оскари, и со тоа стана филм со најголем број на признанија, веб
страниците на филмската компанија Paramount Pictures имаат повеќе од 6 милиони
посетители дневно.
Можеби таквата популарност на "Титаник"
произлегува од тоа што филмот станал предзнак на нашето време. Навистина, во тој
смисол филмот одговара на денешницата повеќе отколку што ние сме свесни за тоа!
Трагедијата која го погодила големиот непотонлив брод се случила еден час пред
полноќ. Патниците патувајќи уживале занесени во музика, игра и алкохол. Помеѓу
нив се наоѓале најбогатите и најпознатите луѓе во тоа време, пловејќи заедно таа
кобна вечер на бродот што ништо не можело да го загрози. "Ни самиот Бог не може
да го потопи Титаник" - се фалеле некои службеници непосредно пред "Титаник" да
исплови од англиското пристаниште Хамтон. Дури и градителите и сопствениците на
бродот свечено изјавиле дека ова ремек дело на бродоградителите е неуништиво.
Имено , овој брод имал 16 водоотпорни комори, составени во едно големо челично
тело од 300 метри. "Во случај ако четирите оддленија случајно поропуштат вода,
сеуште "Титаник" би можел да продолжи сигурно да плови" - тврделе инжинерите.
"Ниту самиот Бог не е во состојба да го потопи Титаник", - се фалеле некои со
потсмев.
Поради ова чуство на сигурност на "Титаник",
целиот брод бил пополнет до последното место на неговото прво патување до
Њујорк. Освен богатите со бродот патувале и многумина од пониските општествени
слоеви. Висока, средна и ниска класа - сите тие биле во бродот. Таа кобна вечер
на 14 април 1912 година 2,235 души биле во внатрешноста на
"Титаник".
И така, додека оркестарот ги забавувал
патниците од првата класа никој не очекувал дека во студените северни води ги
очекува најголема трагедија во историјата на бродарството. Бродот мирно ги сечел
брановите на студеното море, кога, према зборовите на преживеаните, се
почуствувал мал потрес, така да долгиот брод од 300 метри малку се занишал.
Никој, освен персоналот и заповедникот на бродот не обраќал поголемо внимание на
тоа. "Титаник" со едната страна удрил во подводната санта мраз. Стружејќи со
десната страна од врвот на сантата мраз, по должината на бродот, се отворила на
почетокот мала пукнатина. Слично како отворач за конзерви, врвот на сантата мраз
се зарил во бокот на "Титаник" така да бродот добил смртна рана.
Би сакал со вас да го поделам записот на
службеникот Лигхтолер кој со уште некои службеници го преживеал бродоломот
благодарение на чамец за спасување:
"Кога така пливајќи во темнината ја препознав
околината, бевме одалечени околу педесет метри од бродот Светлата на "Титаник"
сеуште светеа. Сеуште изгледаше величествено, онака црн и голем, опкружен со
ѕвезди на светла кои сеуште се наоѓаа на делот од бродот што беше над водата. Од
предниот дел на бродот па се до вториот оџак бродот веќе беше потполно потопен
во водата. Додека ја гледавме таа страшна глетка, одеднаш сите светла се
изгаснаа и остатокот на џиновската грдосија остана замотен во темната ноќ, а
неговите јасни црти сеуште се приметуваа.
Веќе во следниот миг големи бојлери излетаа
од своите лежишта и со страшна грмотевица и сила ги пробија преградите носејќи
пред себе се што им е на патот. Оваа голема несреќа што се одигруваше пред
нашите очи брзо се приближуваше кон крајот. Задниот дел од големиот брод сега се
извишил така да можеше за последен пат да се види кормилото на бродот. Тогаш,
"Титаник" за последен пат заплови кон своето конечно почивалиште во недостапните
длабочини на студениот Атлански океан.
Слично на
молитва се слушна воздишка на сите кои беа покрај мене држејќи се за превртениот
чамец: "Исчезна"!
"Во мртвата ноќна тишина многу јасно се
распознаваа гласовите на давениците наоколу. Не би имало смисла сега да ги
опишувам тие гласови што е не возможно да ги заборавам."
(The story of the Titanic as Told by
its Survivors, pp. 299-300).
Во раните утрински часови "Титаник" потонел.
Од вкупно 2,235 патници, 1522 засекогаш останале во темните морски длабочини;
претежно машки патници од третата класа и поголем дел од бродскиот персонал како
и сите членови на оркестарот. Само 713 патници преживеале.
"ТИТАНИК" - СЛИКА НА НАШЕТО ВРЕМЕ НА ПРАГОТ НА НОВИОТ ВЕК
Можеби "Титаник" е повеќе од приказна за
љубовта и смрта на заљубените Кате Винслет и Леонардо Ди Каприо! Можеби
"Титаник" е предупредување на предупредувањата, скоро пророчка слика за темната
несреќа што слично како меч виси над нашиот свет пред новиот век? Можеби како
"Титаник" и нашата цивилизација брза преку ноќта во правецот на неизбежната
судбина многу пострашна од онаа што се случило во 1912 година? Секако,
состојбата на финансиската берза можеме да кажеме дека е поволна во поедини
места, општествената слика на светот е поволна во некои земји, успеваме да ги
лечиме поедини болести, освен оние кои сеуште сеат смрт, бројни мировни договори
веќе се потпишани, освен во оние места каде сеуште се војува, и желбата за
веселба сеуште некои ги занесува, освен оние на кои не им е до смеа. Можеби под
површината на нашиот напредок, острицата што го распарила "Титаник" сега ја
отвора утробата на нашата цивилизација? Можеби општествените, политичките и
еколошките заштитни прегради не се ни приближно сигурни од влијанието на водата,
како што ние сме спремни да веруваме? Потребна е само една глобална катострофа и
бродот на нашиот свет ќе исчезне под водата!
Некои шепотат: "Мир и безбедност"! Сепак, не
можат да се ослободат од старото пророштво запишано во старата книга: "Кога ќе
велат: 'мир и безбедност', тогаш ненадејно ќе падне погибел врз нив, ... и не ќе
можат да избегаат." (1. Солуњаните 5,3) Таа судбоносна вечер пред несреќата на
еден од сопствениците на компанијата
White Star Line му бил
испратен маркони-грам (порака слична на телеграма) од соседниот брод дека
"Титаник" оди во средба на ледена санта. Но сопственикот на бродската компанија
не обратил внимание на предупредувањето, така што ја стуткал пораката, ја ставил
во внатрешниот џеп од палтото и се придружил кај останатите на
забавата.
Мир и сигурност; дали нешто можело да тргне
наопаку? Дали се забавува нашата цивилизација вечерва во потпалубата на бродот
што плови во блиска трагедија? Зарем е можно да сме ги заборавиле
предупредувањата што сме ги примиле со назнака да не избави од крајот на
катаклизмата?
БИБЛИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА НИЕ НЕ МОРАМЕ ДА БИДЕМЕ СЛЕДНИТЕ
Сакам да го насочам вашето внимание спрема
книгата што предизвикува многу поголемо внимание отколку една обична радозналост
како помеѓу скептиците и така и помеѓу верниците подеднакво. Таа тврди иако
нашиот свет има сличности со "Титаник", ние не мора да бидеме следните на ред.
Името и е Апокалипса, односно книга Откровение. Станува збор за последната книга
на Библијата. Без обзир дали верувате во Бога или не, дозволете му на својот
отворен ум да ја открие нејзината порака дека ние не мора да бидеме
следните.
Еве што пишува во Откровение 14:6,7:
"Видов и друг ангел како лета сред небо, кој имаше вечно
Евангелие, за да им го проповеда на жителите на земјата, на секој народ, племе,
јазик и род. Тој изговори со силен глас: "Бојте се од Бога и подајте Му слава,
зашто дојде часот на Неговиот суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создаде
небото и земјата, морето и водените извори."
Има ли
овде нешто ново? Во што е итноста и посебноста на оваа порака? Потребно е да ги
погледнеме и следните стихови: "Потоа погледнав и видов бел облак, а на облакот
седеше еден, сличен на Синот Човеков, со златна круна на главата и со остар срп
во раката. И еден друг ангел излезе од храмот и му викна со силен глас на Оној
Кој седеше на облакот: "испрати го својот срп и жнеј, зашто дојде твојот час за
жнеење зашто зрела е жетвата на земјатаа. А оној кој седеше на облакот, замавна
со српот на земјата, и земјата беше ожнеана." (Откорвение 14:14-16)
Дури и ако не го разбирате апокалиптичкиот
јазик на симболите и ако не сте врвен научник, сепак секој може да заклучи дека
овие стихови го опишуваат крајот на човечката цивилизација. Некој очигледно се
враќа на нашата планета и човечката историја забрзано се доближува до крајот.
Затоа е пресудно следното прашање: за што станува збор во оваа итна порака? Да
го погледнеме 7 стих во истата 14 глава на Откровението: "Тој изговори со
силен глас: 'Бојте се од Бога и подајте Му слава, зашто дојде часот на Неговиот
суд, и поклонете Му се на Оној Кој ги создаде небото и земјата, морето и
водените извори'"!
Нели е необично што повикот "Бојте се од
Бога" се упатува на генерацијата која не "се плаши од ништо"!?
БОЈТЕ СЕ ОД БОГА И СЛАВЕТЕ ГО НЕГО
Треба да го поставиме следното прашање: Кој е
всушност Бог? Што тој вели за себе? Каков е тој од кој треба да се боиме?
Веднаш треба да приметиме дека изразот: "бојте се од Бога" е јазичен облик што
едноставно но уверливо значи: запознајте го Бога озбилно и немојте лесно да го
отпишете бидејќи Тој не е сосед од горниот спрат. Веќе од првите страници на
Библијата Тој ни се прикажува како Создател на животот, Извор на животот,
Управител на животот и како Оној кој го сака нашиот свет. Итноста на повикот од
14 глава на Откорвението не е во страшната Божја природа, туку во
предупредувањето дека нешто брзо ќе се случи. Со други зборови, тоа се зборови
на повик, слични на оние од книгата на пророкот Амос 4,12:
"Припремете се да се сретнете со својот Бог!"
Еден од повеќето митови родени од трагедијата
на "Титаник" тврди дека членовите на бродскиот оркестар биле собрани на палубата
на бродот кој тонел и сите до последниот миг ја свирале христијанската песна
"Поблиску до Тебе, о мој Боже!".
Припреми се да се сретнеш со својот Бог! Тоа
е порака непосредно пред крајот, слично на митската песна на "Титаник", бидејќи
и твојот Бог се припрема да се сретне со тебе. Со други зборови, Откровението
порачува: "Бојте се од Бога и прославете Го зашто дојде часот на Неговиот
суд!"
Како и да постапиме, станува збор за итен
повик упатен до нашата генерација на крајот од времето. Ова порака треба озбилно
да ја сватиме.
ПОРАКА ДО ГЕНЕРАЦИЈАТА КОЈА КОПНЕЕ ЗА ДОБРИ МЕЃУЧОВЕЧКИ ОДНОСИ
Овој повик Бог го упатува поткренат од сила
на својата љубов спрема човекот. Во книгата на пророкот
Еремија 9:23-24 пишува: "А кој се фали, нека се фали со тоа, дека Ме
разбира Мене и дека знае оти Јас сум Господ, кој покажува милост, суд и правда
на земјата, оти само тоа е благоугодно пред мене, вели
Господ."
Инетресно е значењето на изразот "разбира" во
овој текст, но и во други во Библијата. Се однесува на блиско, лично и тесно
разбирање на друга личност. Бог ги користи изразите со кои сака да ја отслика
својата блискост со човекот. Со други зборови Бог порачува: "Копнеам за човекот.
Го молам да ме запознае (разбере) онака како што јас него го познавам и
разбирам, така да заедно уживаме во блиска меѓусебна заедница..."
Ако некогаш имало генерација која пронаоѓала
смисол во квалитетни меѓусебни односи, тогаш тоа е нашата генерација! Слушнете
го ритамот на срцето на телевизискиот канал МТВ, и брзо ќе го приметие гладот за
добри меѓучовечки односи. Слушнете ја хит песната од филмот на "Титаник" во
изведба на Celine Dion,
"Моето срце и понатаму ќе чука!" За што друго зборува оваа песна ако не
за страста на срцето кое продолжува да живее и после смртното
опростување?
"Секоја ноќ те гледам и чуствувам во своите
соништа. По тоа знам дека и понатаму
живееш. Преку големата далечина и
простор помеѓу нас, Си дошол да покажеш
дека и понатаму живееш. Близу, далеко,
било каде, Верувам дека твоето срце и
понатаму живее. Ти си во моето
срце. И моето срце ќе продолжи засекогаш
да живее. Ти си овде, немам од што да се
плашам. Знам дека моето срце засекогаш
ќе живее. Вака остануваме заедно
засекогаш. Сигурен си во моето
срце, И моето срце и понатаму ќе
продолжи да живее."
Денешната генерација гладува за некој облик на
осмислени меѓучовечки односи кои би помогнале засекогаш да се преживее - дури и
преку границите на смртта. Поради тоа библиската слика за Бога која повикува:
"Припреми се да го сретнеш својот Бог!" е од големо значење.
ПОНУДА НА ПРИЈАТЕЛСТВО КОЕ ОСТАНУВА ЗАСЕКОГАШ
Дали овде станува збор за добра или лоша
вест? Секако, станува збор за одлична вест, бидејќи токму таа, зборува за
меѓучовечките односи што трааат засекогаш, дури и после студениот допир на
смртта. Селин Дион има право - постои блиска поврзаност што трае засекогаш!
Можеби двајцата - свети Августин, стариот црковен учител и Даглас Копланд, гуру
учител на денешната млада генерација - се во право. Августин вака ја опишал
празнината во длабината на човечкото срце: "Нашите срца се немирни се додека
повторно не се смират, Боже, во Тебе." Даглас Копланд пак вели во својата книга
"Живот после Бога", дека: "Мојата тајна е во тоа што ми е потребен
Бог - дека сум болен и повеќе не можам сам. Потребен ми е Бог како би ме научил
да давам бидејќи повеќе не сум способен да давам, бидејќи повеќе не сум во
состојба да бидам културен; како би ме научил да љубам, бидејќи повеќе не знам
да љубам (сакам)."
Сакам на сите да им укажам дека среде оваа
сеопшта збрка во нашиот свет се слушаат јасни очајнички покушаи да се исполни
празнината што длабоко се наоѓа во секој ум и срце. Во таквиот свет, свет кој го
отпишал Бога, тој упатува итен повик полн со љубов: „Бојте се од Него и
прославете го". На нашата цивилизација и на нашата генерација Бог и нуди
вечно пријателство преку едноставен но озбилен повик: "Приближете се кон Бога -
Мене запознајте ме - сакам да бидам ваш пријател."
Писателот А.В.Тозер вели: "Изгледот на
човечкиот род од темел би се променил кога сите би поверувале дека живееме под
пријателска наклонетост на небото, и дека небесниот Бог, иако величествен во
својата моќ и слава, сака да биде наш Пријател.
("Knowledge of the Holy, 89")
ПРИЈАТЕЛИ БОЖЈИ ПО ИСУС ХРИСТОС
Ако сакаме да го запознаеме какво е Божјето
пријателство потребно е само да гледаме во Исус Христос. При крајот морам со вас
да ја поделам најсјајната вистина на оваа книга; Бог на бескрајните небесни
простори го нуди на нашата генерација своето пријателство преку Исус
Христос.
Можеби ве изневерила некоја личност која сте
ја сакале најмногу, можеби ве отфрлил вашиот брачен другар, можеби од вас се
откажале вашите родители, можеби ве заборавиле вашите деца - но во светот на
пореметени односи постои Некој кој ви нуди вечна љубов и пријателство што
никогаш не престанува и што никогаш нема да изневери.
Уверете се сами читајќи го Евангелието
по Јован 3,16.17: "Зошто Бог толку го засака светот, што Го даде
Својот Единороден Син, та секој кој верува во Него да не загине, туку да има
вечен живот. Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на
светот, туку светот да биде спасен преку Него." Дали од овој стих можеме
да заклучиме дека треба да се плашиме (боиме) од Бога? Никако! Целата Библија
зборува за тоа дека Бог не е некој од кој треба да се плашиме. Тој е Личност со
која треба навистина да се спријателиме.
ДАЛИ НАВИСТИНА САКАТЕ ДА ГО ЗАПОЗНАЕТЕ БОГА?
Еден од Неговите најблиски следбеници го
поставил истото прашање една ноќ спрема Исусовото распнување. Погледнете во
Евангелието по Јован 14,8.9: "Филип Му рече: "Господи, покажи ни
Го Таткото, и доволно ќе ни биде". Исус му рече: "Толку време Сум со вас и не Ме
позна ли, Филипе? Кој Ме видел Мене, Го видел и Таткото; тогаш како велиш ти:
Покажи ни го Таткото!?"
Дали навистина сакате да ја запознаете
вистината за овој Бог кој ви нуди нежно пријателство?
Во тој случај погледнете во Исус Христос како
што Библијата го прикажува. Сакате ли, на пример, да го запознаете Божјиот однос
спрема кривицата? Гледајте во Исус додека градските верски големодостојници пред
неговите нозе донеле една млада уплакана жена која била блудница фатена во
постела со еден маж кој не бил нејзин сопруг. Од Него барале да ја каменува,
према тогашните религиозни и општествени закони. Но Исус знаејќи дека овие луѓе
сакат да го фатат во замка, не се измамил. Знаејќи ги побудите на овие високи
верски службеници, Исус побарал од нив: "Оние кои се без грев нека први фрлат
камења."
Бидејќи нема ниту еден без грев, еден по еден
тивко го напуштиле Исуса, оставајќи Го сам со блудницата. Исус тивко и рекол:
"Ниту јас не те осудувам; оди сега и остави го својот грев" -
прочитајте ја осмата глава во Евангелието по Јован ако сакате да дознаете како
Бог се однесува према кривицата.
Дали сакате да го запознаете Бог како се
однесува према отфрлените во општеството?
Обратете повторно внимание на Исус додека
спрема него се упатил болен човек од губа (денес таа болест можеме да ја
споредиме со сидата) од кој сите бегале. Но Исус не бегал. Полн со сочуство и
љубов ја испружил својата рака и со неа го допрел болното ткиво и на тој начин
го исцелил и го ослободил од отфленоста на општеството.
Прочитајте ја првата глава од Евангелието по
Марко ако навистина сакате да го запознаете Бог како се однесува спрема луѓето
кои се отфрлени од општествената заедница.
Сакате ли да го запознаете Бог како се
однесува спрема децата, жените, царинарниците, блудниците и грешниците слични на
вас? Тогаш погледнете во Исуса и сами откријте ја вистината за Бога како го
откриваат четирите Евангелија: Матеј, Марко, Лука и Јован. Навистина најзначајна
порака во целата Библија е пораката за Исус. Запознајте се со Библијата.
Дали сакате да се запознаете како Бог се
однесува спрема оние кои не Го сакаат, кои Го издаваат, кои дури и Го
отфрлуваат? Тогаш погледнете во Исус ноќта пред Неговата смрт, додека
разбеснетата толпа на војници навалуваат во Гецеманската градина. На чело на
толпата се издвојува Јуда, издајник со напуштени чуства - дотогаш еден од
најблиските Исусови следбеници. И додека Јуда го бакнува Исуса со влажен бакнеж,
Исус гледа непосредно во студените очи на својот издајник. Знате ли како Исус во
тој миг се обраќа кон Јуда? Во Евангелието по Матеј 26:47-50
пишува: "И додека Тој уште зборуваш, ете, Јуда, еден од дванаестмината, дојде со
голема толпа, мечови и тојаги, испратени од првосвештениците и народните
старешини. А Неговиот предавник се беше договорил за знакот, велејќи: "Оној Кого
ќе Го бакнам - Тој е, Него фатете Го!" И веднаш се приближи до Исус, и
рече: "Биди поздравен, Учителе" и срдечно Го бакна. А Исус му рече: "Пријателе,
стори го тоа за кое си дојден!" Тогаш пристапија, ставија раце на Исуса и Го
фатија."
НЕМОЈТЕ ДА БЕГАТЕ ОД ПОГРЕШНА ЛИЧНОСТ
Следниот настан објавен е во печатот на
источниот дел на Соединетите Американски Држави. Станува збор за една жена која
доцна навечер се возела во еден запуштен дел од меѓудржавниот автопат. Додека се
возела со својот автомобил одеднаш била осветлена со јака светлост од еден
камион кој се приближувал непосредно до нејзиниот автомобил. Како и многу други
возачи на големи камиони, и овој ја користел ноќта за возење по авотпатот. Кога
се доближил непосредно до задниот дел на нејзиниот автомобил, почнал да ја
претекнува оваа осамена жена среде полноќ на американскиот
автопат.
Одеднаш, кога скоро големиот камион веќе ја
претекнал, жената ја зголемила брзината на најзината кола, така да возачот на
камионот пак се нашол на задниот крај.
Шоферот од големиот камион пробал уште
ноколку пати да ја претекне жената, но таа или успорувала или ја зголемувала
брзината на колата. Во еден миг жената помислила дека се наоѓа во опасност. Во
панична состојба ова жена размислувала како да побегне од камионот што ја
прогонува. Одеднаш таа приметила излез на автопатот и осветлена бензинска
станица. Одеднаш со брзо свртување таа скршнала од автопатот и се упатила спрема
осветлената бензинска станица. Меѓутоа, истото тоа го направил и возачот на
камионот.
Жената нагло го запрела своето возило,
излегла од него и почнала да вика за помош. Истовремено, се слушнало кочењето на
големиот камион кој застанал близу до нејзиниот автомобил. Притоа возачот на
камионот со брз скок го напуштил седиштето на својата кабина и, отварајќи ја
задната врата од автомобилот, со своите јаки раце од внатрешноста го извлекол
човекот кој се криел зад предните седишта.
Во текот на ноќта овој непознат напаѓач се
вовлекол во автомобилот на оваа жена и чекал погоден миг да ја нападне својата
жртва. Меѓутоа, во мигот на претекнувањето возачот на камионот од своето високо
седиште го приметил злосторникот и одлучил да го спаси животот на жената.
Незнаејќи за што станува збор, жената бегала од погрешна личност. Тој кој
наизглед ја прогонувал - бил единствена личност кој можел да ја
спаси.
Дали е можно на прагот на новиот век, на
прагот на вечноста, слично на оваа несреќна жена, денешната генерација на
"Титаник" да бега од Оној кој единсвено може да не спаси?! Дали денеска и вие
бегате? Дали бегате од погрешна личност? Дали бегаме од единствената личност
која може да не спаси? Бог не е некој од кого треба да се плашиме, туку Некој
кај кого треба да отидеме. Тој не е Некој од кого треба да се плашиме со него
треба да се спријателиме. Бог вели: "Оти само Јас ги знам замислите, што сум ги
смислил за вас, замислите за добро, а не за зло, за да ви дадам иднина и надеж."
Дали ќе го прифатиш Неговото пријателство? Нека твојот одговор биде позитивен,
бидејќи Тој сака да биде ТВОЈ пријател!
Двајт Нелсон
|