ПРЕДРАСУДИ И СОМНЕВАЊЕ
Еден дневен лист во Сан Франциско 1993
година пренел информација дека една фирма во Калифорнија примила пакет
преку Експрес пошта. Непознатата содржина била замотана во картонска
кутија на некоја компанија за овошје.
Работниците се посомневале, бидејќи
само пред некој ден полицијата во Њујорк открила терористичка бомба. Затоа
фирмата случајот го пријавила во полиција. 400 работници од фирмата биле
евакуирани од зградата. Против-бомбашка екипа наскоро стигнала на лице
место. Паќетот бил „неутрализиран“ со мал топ и неговата содржина била
разнесена во воздух.
Но, екипата за демонтирање не пронашла
никаков експлозив во пакетот. Внатре во пакетот се наоѓале 24 илјади долари,
спаковани во новчаници од по 20 долари. При неутрализирањето 1000 долари
биле упропастени.
Овој свет во кој живееме е преполн
со подвали. Тешко на кој можеме да му веруваме. Често пати можеме да слушнеме
како луѓето велат: „еднаш си ги испеков рацете, повторно нема да погрешам.!“
И затоа денеска луѓето се се повеќе
сумничави. Во нашиот бележник има се помалку доверливи особи. Во нашиот
живот се помалку е довербата, а повеќе опрезноста, и резервираноста.
Во нашиот свет како да е во мода, се
повеќе да се сомнева, преиспитува во се и сешто. Треба да признаеме дека
кога за прв пат ќе се сретнеме со некоја особа, најпрвин таа особа во нашите
очи е негативна, а потоа со времето има шанси да стане позитивна.
Секако некои тргнуваат и од позитивната страна од самиот почеток, но сеуште
виси сомневањето.
Би ве повикал да заедно прочитаме еден
стих во Матеј 21:21.
После проколнувањето на смоквата, Исус
дал изјава за верата. Верувам дека секој од нас кога го читал овој стих
се запрашал: „Дали е тоа можно? Кога би имал таква вера, дали навистина
таа гора би отседнала во морето?“
Самата помисла на планината и морето
како да го заокопираат нашето внимание па не можеме да ја видиме главната
порака. Пораката е дали веруваме!? Условот е дали се сомневаме?
Тој услов стои како опозиција на верата. Тоа е тука (сомневањето) кога
немаме вера. Или подобро кажано верата ја нема бидејќи тука е сомневањето.
Лесно е да се сомнева, а да бидеме несвесни за големите пропуштени благослови!
Грчкиот збор дијакрино,
е збор кој се преведува со сомневање, но ова зборче има и
друго значење. Неговото непопсредно значење е темелно раздвојување,
повлекување од некого, или дури да се спротиставиш. Неговото фигуративно
значење допира и до глаголот дискриминација или развлекување.
Во Библијата овој збор се преведува
на разни начини: да се препираш (Дела 11:2)
да правиш разлики (Дела15:9) да одбираш
(1.Корин.11:29) да судиш (1.Кор.14:29)
да се сомневаш (Јаков 1:6)
Значи овој збор се преведува со цела
палета на глаголи кои не се самите по себе ниту негативни ниту позитивни,
освен некои. Сомневањето е глагол со кој се браниме од лагата, а
спротиставувањето е позитивен глагол со кого исто така се браниме од истото.
Проблемот не е во зборовите, туку во примената без престанок и критериум.
Мораме да признаеме дека е потребно
да бидеме претпазливи во овој денешен свет. Но не смееме да дозволиме да
се сомневаме во се и сешто. Бидејќи имам чуство дека овој свет се движи
во правецот на сомневањето како најважен елемент.
Не смееме да дозволиме на Ѓаволот да
го вметне сомневањето во нас. Кога ќе се вгнезди сомнавањето во нас, тоа
ќе стане одбрамбен систем, па ќе ни биде тогаш тешко да веруваме, да се
надеваме. Тоа оружје ќе се претвори во проклетство.
Дела 10:17-20.
Петар знаел кој е Корнелија. Добар
човек иако бил Римјанин. „Што сака тој човек од мене, од нив само имаме
проблеми“, можеби се прашувал Патар. „На кого тие му направиле нешто
добро? Тоа се луѓе од корист!“
Многу лесно Петар можел да најде изговори
и предрасуди, сомневајќи се према лицето кое барало помош. Но Духот Божји
го одвратил од тоа: 20 стих.
И самиот Петар имал проблеми со предрасудите.
Сосема е природно секој од нас да го има овој проблем.. Духот му вели на
Петар: „Не се мисли, не суди однапред, не се живее од предрасудите“
Истиот проблем кој го имал Петар и
денес го користи ѓаволот. Можеби Божјиот Дух и тебе ќе те предупреди дека
она што го мислиш за другите е негативно. Можеби Духот ќе ти каже дека
таа навика која ја имаш ја разорува црквата. Ослободи се од предрасуите,
ти порачува Бог.
Римјаните 14:4.
Бог не повикува да имаме целосна доберба
во Него. Денес е популарно да се сомнева, да се биде претпазлив и да не
се верува во се и сешто, но треба да разбереме дека тоа не е здраво.
Наспроти тоа, Библијата ни го упатува
следниот повик: 1.Кор.11:28-31.
Тешко е да се гледа во себе. Полесно ни е да гледаме во дргиот. Потребно
е да гледаме во огледалото на Библијата. И тогаш да го поправиме она што
ни фали.
Дали во телесниот живот прво ја поправаш
колата на соседот или својата? Зошто тоа не би важело и за црквата?
Пример:
Во една зимска ноќ се сретнале 7 луѓе.
Сите отприлика се сретнале во исто време, на исто место-поред логорскиот
оган кој фино горел. Сите седумина биле изгубени, и знаеле дека треба да
преживеат само таа ноќ па да бидат спасени бидејќи избавувањето требало
да пристигне наутро.
Секој од нив имал по еден стап со себе.
На секого му било студено. Затоа се собрале околу оганот еден поред друг.
Ноќта била долга, а оганот се угаснал. Знаеле дека мораат оганот да го
одржуваат, но немале повеќе огрев. Единствен огрев кој го имале биле стаповите
кои се наоѓале во нивните раце. Но, кој прв ќе го стави својот стап
во оганот?
Првата особа бил еден сиромашен човек
кој го мразел богаташот кој стоел наспроти него облечен во дебела кожна
јакна. Целиот свој живот го гледал богаташот како добро се храни и фино
се облекува. Затоа решил неговиот стап да не го грее богаташот. Не, неговиот
стап нема да оди во оганот.
Спроти сиромавиот стоел богаташот,
кој го посматрал сиромавиот, размислувајќи дека тој сиромав цел живот поминал
под сенка неспособен да си купи нормален зимски капут, тресејќи се од студ
во својата јакна. И сега би требало тој да го даде својот стап за сиромавиот,
иако сиромавиот секогаш бил неблагодарен. Не, неговиот стап нема да грее
мрзливци.
Третата особа бил црнец кој од дното
на душата ги мразел белците. „Доста веќе малтретирање, потценување од
страна на белците“, си мислел овој човек. Досега морав да поднесувам,
но сега повеќе не можам да издржам. Не, неговиот стап нема да ги грее белците,
кои биле непријателски настроени кон црнците.
Петата особа бил побожен христијанин
кој не можел да разбере како човекот кој стоел спроти него да има две обетки,
едната на увото а другата на носот. Работата да биде уште полоша, таа особа
ја викале хипик. Со долга и масна коса и голема тетоважа на десната
рака, христијанинот не можел да го поднесува ни под разно. Таква
особа никогаш нема да стане христијанин, си велела петата особа.
Додека е таква накарадна особа во моето
друштво, мојот стап нема да биде ставен во оганот. Иако после тоа тој не
би се крстил. Не, мојот стап ќе остане на страна.
Шестата особа, хипик, ги гледал пред
себе „нормалните“ кои само мислеле за себе, кои никогаш не придонеле нешто
за светкиот мир. Тие луѓе се затвориле во себе. Човекот е роден да биде
слободен. А овие јадни така се огранични во своите сваќања. Се држат само
за некои правила, само би наредувале. Навистина се досадни и глупави. Не,
неговиот стап нема да поддржи такви луѓе. Не, неговиот стап нема да оди
во оганот, рекол хипикот.
Задниот човек во таа група бил многу
скржав. Бил модерен, деловен човек кој давал само толку, или помалку, колку
што можел да прими. Учествувал во секоја акција, но давал толку колку што
можел да добие.
Тој всушност немал ништо против никого
од присутните. Тој ги сакал и црнците, сиромашните, богатите, жените, христијаните,
па дури и хипиците, но се знае некој ред: ќе даде колку што може да
прими. Без тоа нема ништо. Неговиот стап ќе го стави во оганот но кога
тоа ќе го сторат најпрвин другите. Тој не им верува на другите, бидејќи
можат да го излажат. Не, неговиот стап, не.
Најпосле осамнало ново утро. Поред
пепелта на огонот лежале смрзнати седумина луѓе држејќи ги своите стапови
во рацете. Кога би сакале можеле да се спасат себеси и другите.
Што мислите од што умреле? Не, не од
студената зимска ноќ, туку од студените предрасуди во нивните срца. Сите
кои ги виделе, се чуделе како тие не се сетиле да ги стават своите стапови
во оганот? Да би го тоа направиле, сигурно би го дочекале утрото!
Драги присутни, сите ние ги држиме
своите стапови во нашите раце. Стаповите, тоа сме ние. Да би го дочекале
утрото, Христовото доаѓање, потребно е во оганот да ја ставиме нашата
вера, довербата еден према друг да би останале живи. Нашите предрасуди
за другите, нашите проценки, нашиот негативен став према ближните,
нашето самозадоволство, тоа се опасни замки за сите нас.
Да го послушаме советот на Бога: Дела
10:20.
Ајде стани, појди со своите браќа и
сестри, зошто тие се од Бога. Во заедница со нив, ќе го дочекаш новото
утро во темната зимска ноќ.
Одлуката е во твоите раце!
Амин!
|