Добредојдовте | Информации за нас | Црковна програма | Здрава исхрана | Постојани теми | Фотографии
Изградба на црквата | Линкови | Книги | Пастор | Прашања и одговори | Дописна школа | Контакт
   Постојани теми
     ДУХОВНА ПОРАКА


Adventisticka crkva - logo



ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА
Месна црква Кавадарци
ул. Кирил и Методиј бр. 7
1440, Кавадарци
Р. Македонија


Тел. +389 43 414-124
E-mail:
tomehac@mt.net.mk

 


Web Design
Tony48 Network

 

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ДВЕИЛЈАДИТАТА?


    "И ќе настане време тешко, какво што немало откако постојат луѓето, па се до денес..." (Данило 12:1).

    Сите подрачја на нашата планета бргу ги освојуваат кобните претчувства на современите научници што живеат во сенката на неизвесна судбина. Луѓето од сите општествени слоеви, и богатите и сиромашните, старите и младите, богатите и сиромашните, мажите и жените, почнуваат да се приговуваат "за тој решителен час" како што често се истакнува денеска.
    Мислата за преживување станала и вносна работа. Како печурки никнуваат различни индустриски производи приготвени за "тој час". Како да се преживее-претставува денеска мисла водилка за милиони луѓе во светот.
    Имајќи ги предвид сите опасности што му се закануваат на светот, луѓето што внимателно ги следат животните прилики поставуваат прашање: Дали светот навистина ќе може да преживее со секојдневното зголемување на злосторствата, со економската депресија, со загаденоста и со исцрпувањето на животната средина, со трагичните погубни војни, со природните катастрофи и со опасностите од избивање на нуклеарен судир?

    Можеме ли мирно да седиме и да го очекуваме тоа што ќе дојде? Се зголемува бројот на оние што не мислат така. Тие сметаат дека ако сакаме да ги преживееме сите кризи што ни одат во пресрет, уште сега мораме да се приготвиме. Бидејќи утре можеби ќе биде доцна!

    Но, ќе кажете,  нели бројот на таквите луѓе е многу помалечок и дека тие всушност се само лажни пророци на нестварни катастрофи?
    Можеби бројот на таквите е мал, но сепак нивните изјави предизвикуваат внимание. Роберт Браун, уредник на списанието "Да се преживее", пишувал вака: "Да се преживее значи да се издржи, да се преживее, да се спасиш себеси, да се обновиш - што би можел друго да посака човекот отколку да биде оптимист, кој се гледа во овие зборови, да се преживее."
    Браун го завршува своето размислување со следните зборови: "Потоа следи она кон што се стреми оној што сака да преживее, кој самиот себеси си е се. Да научиш да се подготвиш за најлошото, но и понатаму да работиш за она што е најдобро."

    Можеби се прашувате кои се тие земни несреќи што треба да се совладат за да се преживее? Дали се на повидок тешки времиња или е тоа плод на мечтата на една група фанатици со чудни погледи?

    Марко и Сузана живееле прилично добро на периферијата на Лос Анѓелес, далеку од грижи што би им ги задавал недостигот на пари или немањето на работа. Нивните викенди и вечери навистина биле пријатни.
    Спортската активност, летањето и посматрањето на автомобилски и коњски трки го исполнувале нивното слободно време. Сепак, нешто непријатно се случило и во ова семјество.
    Во нивниот дом влегле провалници и однеле многу вредни работи. Наспроти добрата заштита и превентива, тоа се случило три пати. Домовите на нивните соседи исто така биле покрадени. Сопствениците на еден дом во таа прилика се наоѓале во куќата, но биле претепани, а младите провалници однеле од куќата се што било вредно.
    Марко и Сузана, сакајќи да ги избегнат јавните полициски извештаи за покрадените, морале самите себеси да се бранат. Набавиле списанија и книги од кои можеле да учат како да се заштитат од провалниците, да преживеат во времето што ќе се одликува со голема опасност од крадците и злосторниците.
    Посетувале и разни семинари за овој мачен проблем, а покрај тоа набавиле и уреди за тревога, се со желба да се одбранат од крадиците. Исто така набавиле и огнено оружје, а на курсот за ракување со огнено оружје научиле бргу и успешно да го употребуваат. Често вежбале со ова оружје.

    Нели ова звучи фантастично? Нели е дури и драстично? Во светот во последно време се појавиле цели студии за тоа како можат луѓето да се заштитат од крадците и од злосторницие и како да ракуваат со огнено оружје.

    Неодамна претседателот на Мајами преку телевизијата ги советувал своите граѓани како да се одбранат со огнено оружје од напаѓачите бидејќи полицијата не можела да стигне на секаде.
    Можноста граѓаните да носат огнено оружје скриено под облека претставува мошне непријатен факт! Во огнот на страстите и злото можат да се случат неопишани трагедии..
    Но освен опасноста од крадците и злосторниците на светот му претат и други опасности, како на пример, депресија, економска несигурност. Парите ја менуваат својата вредност, каматите се повеќе растат, националните долгови се зголемуваат, инфлацијата стигнала до точката на усвитување.

    Ова е сосема мал извештај за она што ни доаѓа во пресрет, велат економските стручњаци.

    Новинските прилози и вестите од радиото и телевизијата нудат малку охрабрување. Ховард Раф во својата книга напишал: "Како да го забавиме доаѓањето на тешките години? Целта на оваа книга е да ве покрене и да ве осведочи дека Соединетите Држави ќе влезат во најтешко време на искушенија од бремето на граѓанската војна, во инфлациона спирала што ќе не доведе до депресија, што ќе се памети во текот на животот на многу генерации... Никој не занае кога ќе дојде тој преломен миг, но тој доаѓа, и тоа бргу... Америка е на работ, но и другиот свет."
    Тој потоа во својата книга дава список на непожелните настани што ќе дојдат: сеопшта невработеност; ерозија на сите заштеди; пропаст на пензискиот систем; пропаст на осигурувањето, меѓународен монетарен слом на сите парични единици и на крај хаос!
    Навистина овие предвидувања се застрашувачки! Можно ли е да се преживее? А што да кажеме за нуклеарната технологија, за напластените производи со радиоактивна содржина, за хавариите на нуклеарните централи или за трагедијата што би го погодила светот со избивањето на трета светска, нуклеарна војна! Многумина веќе сега се тресат од ваквата помисла!
    Некои се сетиле па изградиле посебни засолништа за преживување во случај на нуклеарна војна. Едно такво засолниште во Америка се продава од 47 до 95 илјади американски долари, што секако зависи од големината. Луѓето сакаат да бидат уште сега слободни од какви и да било опасности.
    Настојувањето да се изгради земјен ковчег потсетува на еден порано изграден ковчег или брод, што и тогаш бил изграден со цел луѓето да ја преживеат сеопштата пропаст. Историјата за тој ковчег на спасение ја наоѓаме во Библијата, во 1 Мојсеева 6 глава.

    Што кажува Библијата за луѓето на тоа време? Одговорот е мошне краток - биле слични на денешните луѓе. Еве што вели Библијата:

1. Мојсеева 6:5,11,12

Како постапил Бог во такви прилики?
Читаме во 1. Мојсеева 6:13.
    Исус во Новиот завет го спомнал Ное, потопот и ковчегот. Матеј 24:38,39.

    Дали оние што мислат дека ќе преживеат се во право кога набавуваат злато, скапоцени камења, напластуваат оружје и храна? Нивното преживување може да потрае само неколку години. Тоа би било бедно живуркање. Следното поколение би го очекувале уште поголеми неволји.
    Затоа преживувањето мора да биде нешто повредно, посилно и посигурно од голото совладување на непредведените неволји. Затоа основното прашање гласи: "Како можам да бидам сигурен дека вечно ќе живеам со Бога на небото?" Овој свет е сцена на страшна борба меѓу доброто и злото. Апостол Павле вели: Ефесјаните 6:10-13.

  • Преживувањето е плод на сериозна молитва
    1. Данило 6:19-23

      Животно искуство со Бога е извор на сила за преживување. Налогот на Спасителот за сите свети гласи: "Сакајте и ќе ви се даде; барајте и ќе најдете; чукајте и ќе ви се отвори" (Матеј 7:7)

      Да преживееме значи да се потпреме и да зависиме од сила надвор од подрачјето на нашиот свет. Тоа е изворот на Божјата возвишена сила што ги издигнува светите во миговите на неволји и страдањата.

      Пред неколку години група на истражувачи извршиле еден опит делувајќи со електрични шокови врз животинскиот нервен систем. За тој опит зеле две јагниња што ги објагнила иста мајка. Првото јагне било ставено во посебно оделение и било подложно на експеримент. По неколку повторени шокови, јагнето доживеало тежок нервен слом. Никаде не можело да се засолни и да најде заштита.

      Другото јагне било ставено во друго оделение заедно со својата мајка. Кога доживеало електричен шок, потрчало кај мајка си. Мајчиното блеење му донело сигурност во настанатата неволја.

      Молитвата за нас претставува светиња полна со сигурност и засолниште во кое секогаш можеме да се засолниме.

      Псалам 45:1.2.
       
       

  • Живата вера храбри во борбата за преживување
    1. Со својата невидлива рака верата во секоја потреба, особено во неволјите, се фаќа за Божјата рака. Во темнината што ја донесуваат лошите околности таа му се доверува на Бога. Кога околу неа се распаѓа и се урива се, таа верува во Божјите ветувања. Апостол Павле вака ја истакнува оваа вистина: "Бидејќи според верата живееме, а не според гледањето". (2.Коринтјаните 5:7)

      Верата поминува низ темнината. Таа ја пронаоѓа светлината и овозможува да проникне низ безнадежноста и очајот. Таа се надева и тогаш кога, според човечкото искуство, нема надеж. Нејзината надеж е живиот Бог.

       

  • Довербата произлегува од цврстата вера
    1. Само цврстата вера во Исуа Христа што ги надминува сите граници, може да стане саигурна основа на нашето преживување. Ако со Христа се потпираме во животот тогаш Тој станува сила на нашето преживување. Затоа се поставуваат прашањата: Која е најважната личност во нашиот живот? Кој е извор на нашите одлуки? Дали е Тој за нас повеќе од човек? Дали ни е Христос извор на радост, на среќа и мир во животот?

      Се раскажува дека познатиот фудбалер Пеле играл фудбал не за масите што го посматрале, туку за тренерот што го гледал. Дали и вие така живеете како да ве посматра Господ, или како да ве посматраат луѓето што сакаат да им се угодува?

      Апостол Павле за својот живот пред Бога и пред Христа рекол: Филипјаните 3,8.

      Колку сме ние предани на Творецот и на Спасителот Исус Христос? Дали сме слични на Петар пред Христовото страдање или маченикот Стефан на денот на неговото страдање? (Лука 22:55-60; Дела 7:53-60)

       

  • Истрајноста во борбата за преживување произлегува од целосна преданост на Христа.
    1. Натпреварувачите не знаат за неволји во текот на своето трчање, зашто пред себе секогаш ја имаат победата што ги очекува. Да го послушаме советот на нашиот Спасител во трката за вечен живот.

      Исус нема да не изневери, зашто за него е напишано: Филипјаните 1:6.

      Христос е "началник и завршител на нашата вера". Според овие познати библиски зборови, ние можеме и мораме напред, "Имајќи Го пред очи Началникот и Завршителот на верата, Исус, кој поради Неговата идна радост претрпе крст, откако го презре срамот, и седна од десната страна на престолот Божји". (Евреите 12:2)

      Со Исуса ние можеме да преживееме. Нема потреба да купуваме земни ковчези за преживување. Нашата сигурност треба да биде во Христа, во Началникот и свршителот на нашата вера...

 
Амин!

Copyright © 2000,2001 Seventh Day Adventist Church
Created and maintained by Tony48 Network