БОГ И НЕГОВИТЕ БЛАГОСЛОВИ!
Благословот е еден од најважните работи на Божјиот однос према луѓето и
меѓучовечките односи. Према првата книга на Библијата, Божјиот однос према
луѓето е зачнат со благослов.
“И ги благослови Бог, и им рече: 'Плодете се и множете се, и
наполнете ја земјата, и господарете над неа, и овладајте ги рибите морски,
и ѕверовите, и птиците, и сиот добиток, и со целата земја, и со сите животни
што лазат по земјата'“ (1.Мојсеева 1:28).
Исусовото последно дело на земјата пред вознесувањето исто така било благословување
на учениците. “И ги изведе надвор до Витанија, па кога ги подигна рацете,
ги благослови“ (Лука 24:50).
Библијата еднакво ни ги открива изобилството на Божјите благослови и сета
човечка беда без благословите.
“А мојот Бог, Кој е семоќен, нека те благослови, и нека те издигне и нека
те умножи, та од тебе да настанат многу народи“ (1.Мојсеева 28:3). Копнежот за благослов
е многу присутен кај библиските писатели, дури понекогаш тоа поприма и
молење за благослов, а понекогаш и спремност човекот дури и физички да
се бори за благослов. “А од тебе ќе направам голем народ, и ќе те благословам,
и името твое ќе го прославам и ти ќе бидеш благословен“ (1.Мојсеева 12:2).
Целата историја на Израилскиот народ е историја на ветените благослови
на патриархот Аврам. Всушност Библијата е книга и историја на благословите.
Исус рекол: “Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас
дојдов да имаат живот вечен и да имаат изобилие“ (Јован
10:10).
Исус дошол на оваа земја да би оние кои веруваат во Него имаат живот во
изобилие.
Во овој извештај Исус се служи со слика на пастирот и стадо на овци. Како
што секој пастир се грижи за своите овци да имаат изобилство на храна,
исто така Исус се грижи за своите следбеници и за нивните потреби. Овде
не станува збор само за духовните потреби, туку станува збор за целокупниот
живот.
Благословот е дар кој Бог го изрекнува и го дава на луѓето. Божјата реч
е создателска. Преку Божјиот збор се е создадено и се одржува до денес.
Благословот во себе го опфаќа целокупното животно изобилство кое Бог го
има за човекот.
Тоа животно изобилство е изобилство на тесен однос со Бога даруван преку
мирот и љубовта. Понекогаш тоа изобилство е и од материјална природа, многу
привлечно , па затоа повеќе луѓе тежнеат за тоа.
Интересно во Библијата многу малку се зборува за парите и материјалните
добра. Затоа и разбирањето на Божјите благослови е различит. Некои христијани
тврдат дека Божјите благослови се однесуваат само на духовните благослови
па затоа христијаните треба да живеат сиромашно слични на Исус.
Други пак тврдат дека благословите треба да се видат преку успехот на материјалните
благослови, па затоа за пример го земаат Авраам.
Трета група на христијани ги мачи друга грижа и живеат со ставовите на
општеството каде што црквата делува.
Кој
став е по Божјата волја? Да читаме во Филипјаните
4:19: “Мојот Бог, по Своето богатство,
нека ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Исуса Христа.“
Овој текст само го потврдува Исусовото ветување дека ќе ги задоволи сите
наши потреби. Бог ги услишува сите наши потреби. Најдобра дефениција за
нашите потреби ја дава апостол Павле: “А Бог е силен да умножи во вас
секаква благодат, та, имајќи секогаш доволно се, да бидете од се срце дарежливи
во секое добро дело“ (2.Коринтјаните 9:8).
Значи, потреба е да се има се она што е потребно за живот а вишокот за
добро дело. Бог ги исполнува христијанските потреби. Божја волја е да христијаните
имаат секогаш доволно за живот и да го прослават Бога.
Благословот и потребите се тесно поврзани. На човечките потреби Бог секогаш
возвраќа со благослов. Благословот произлегува од нашиот однос со Бога.
Исус рекол: “Па затоа не грижете се и не говорете: што да јадеме, или
што да пиеме, или во што да се облечеме? Зашто сето тоа го бараат незнабошците,
а вашиот Отец небесен знае дека за сето ова имате потреба.“ (Матеј 6:31-33).
Бог секогаш го исполнува онаа што го ветил. Тој ветил дека ќе ги исполни
сите наши потреби. Тој навистина тоа ќе го исполни. Ако понекогаш во нашиот
живот не се одвива онака како што ние посакуваме, не треба да го обвинуваме
Бога за тоа. Бог не ветил дека ќе ги исполни сите наши желби, туку нашите
потреби. Мораме да ги разликуваме потребите од желбите.
Живееме во време кога е важно да се има што повеќе. Затоа многу луѓе трупаат
многу работи и големи имања кои во секојдневниот живот само им сметаат,
наместо истите да им се од корист. Бог не ги исполнува нашите желби за
посед. Овде треба да нагласиме дека Бог понекогаш ги исполнува и нашите
желби, но Тој е против алчноста за материјалните добра.
Еве што ни вели Библијата: “А голема печалба е, навистина, да биде човек
благочестив и задоволен со себеси. Бидејќи ништо не сме донеле на светов,
јасно е дека не можеме и ништо да однесеме. Но кога имаме храна и облекло,
со тоа да бидеме задовлни. А оние, што сакаат да се збогатуваат, паѓаат
во искушение, во примки и во многу неразумни и штетни желби, што го потопуваат
човекот во пропаст и погибел. Зашто коренот на сите зла е среброљубието,
на кое што некои, откако му се предадоа, се отклонија од верата и си навлекоа
многу маки“ (1.Тимотеј 6:6-10).
Во животот потребите се разни, и варираат кај секој човек посебно. На пример
детските материјални потреби се многу мали, но пак затоа потребата за љубов
се големи. Кај учениците и студентите материјалните потреби се поголеми,
додека кај оние кои се осамостојуваат и образуваат семејство потребите
се можеби и најголеми, бидејќи се формира семејство. Потребна е грижа за
децата...
Овде можеме да приметиме дека потребите зависат и од одговорноста која
ја превземаме пред Бога. Значи, потребите во склоп со одговорностите или
растат, или се намалуваат. Тие исто така зависат и од службата и духовниот
дар кој нам ни го Бог дал.
Еден од многуте библиски примери е и царот Соломун. Поради царската служба
која ја обавувал, Бог му дал богатсво, мудрост, убавина и големина. Соломон
се молел вака: “Дај ми сега мудрост разум, за да излегувам и влегувам
пред тој народ; зашто, кој може да управува со Твојот голем народ? И му
рече Бог на Соломона: 'Затоа што го имаш тоа во срцето свое и не побара
богатство и слава, ниту душите на твоите непријатели, ниту пак, побара
многу денови, туку побара мудрост и разум... мудрост и разум ти се дава,
а богатство, имот и слава ќе ти дадам такви, какви што кај царевите пред
тебе немало, нити ќе има по тебе...'“ (2.Дневникот 1:10-12; 1. Дневникот 29:22-25).
Бог ги исполнил неговите потреби во склоп со царската служба што требало
да ја обавува. Царот требало да биде мудар да би можел да управува со царството
правилно. Требало да биде и богат да би бил над останатите цареви. Требало
да има авторитет, да го неговите поданици слушаат да му служат.
Бог ги исполнил потребите на Соломон, и повеќе од она што тој побарал бидејќи
му бил верен на Бога.
Друг голем пример во Библијата наоѓаме во случајот со Илија. Илијината
служба била другчија од Соломоновата. Илија бил пророк. Неговата потреба
во службата не барала слава и големина, туку присутност на живиот Бог.
За неговата служба не му било потребно повеќе од секојдневна храна и некое
место за преноќевање. “Потоа Господ му рече: ,тргни од тука, сврти се
кон исток и сокриј се при потокот Хорат, кој е спроти Јордан; од тој поток
ќе пиеш, а на гавраните сум им заповедал да те хранат. И тој отиде и постапи
според словото Господово...'“ (1.Царевите
17:2-6).
Дали Илија бил задовољен? Да, секако! Неговите потреби биле исполнети.
Бог го благословил према неговите потреби.
Затоа и денеска во нашиот живот, некој добива повеќе, а некој помалку.
Некој е благословен на еден начин, а друг на друг начин. Бог одредува со
што нејкој ќе биде благословен. На човекот му единствено преостанува правилно
да располага со добиените благослови. Како ќе располагаме со добиените
благослови е наша должност и одговорност.
Нема човек кој од Бога не примил благослов. Се што сме и што имаме, е благослов
од Бога. Бог не благословил во сите подрачја на нашиот живот. Тие благослови
не можеме да ги заработиме. Благословот е Божји незаслужен дар.
Најважен услов за примање на материјалните благослови е правилниот став
према материјалните добра и према парите. “За две работи те молам; не
ми откажувај, пред да умрам: суетата и лагата оддалечи ги од мене, сиромаштија
и богатство не ми давај, - храни ме со насушниот леб, та, откако ќе се
пренаситам, да не се откажам од Тебе и да кажам: ,Кој е Господ, и, откако
ќе осиромашам, за да не почнам да крадам и да го употребувам името на мојот
Бог'“ (Соломонови изреки 30:7-9).
Навистина во овие стихови има многу вистина. Оваа вистина Исус ја потврдил
и во молитвата “Оче наш“. Кога Исус ги учел своите ученици, им рекол да
не собираат богатство на оваа земја, туку да собираат богатство на небото.
И денешната генерација христијани Исус ја повикува да не се грижи за своите
потреби, туку најнапред да го бара царството Божје. Бог ги познава нашите
потреби. Ако го бараме најпрвин Неговото царство и ако ја твориме Неговата
волја, Бог сите наши потреби ќе ги задоволи. И не само дека сите наши потреби
ќе ги задоволи, туку ќе не благослови и во другите подрачја на нашиот живот
(материјални) така да со нашиот вишок ќе можеме да помагаме на другите
и да бидеме за благослов.
Нека Бог ни помогне да сватиме дека Неговите благослови се големи, но од
нас зависи како ќе располагаме со нив. Нека му е вечна благодарност на
Господа за најголемиот дар даден на човештвото - Исус Христос и спасението
преку Него!
Амин!
___________________________________________
Припремил:
Т. Трајков
|