Добредојдовте | Информации за нас | Црковна програма | Здрава исхрана | Постојани теми | Фотографии
Изградба на црквата | Линкови | Книги | Пастор | Прашања и одговори | Дописна школа | Контакт
   Постојани теми
     ДУХОВНА ПОРАКА


Adventisticka crkva - logo



ХРИСТИЈАНСКА АДВЕНТИСТИЧКА ЦРКВА
Месна црква Кавадарци
ул. Кирил и Методиј бр. 7
1440, Кавадарци
Р. Македонија


Тел. +389 43 414-124
E-mail:
tomehac@mt.net.mk

 


Web Design
Tony48 Network

 


БИБЛИСКИ МИЛЕНИУМ

    Кратко време по нападот на Перл Харбур Јапонците го освоиле и островот Гуам. Неколку американски војници успеале да се скријат во бујната шума со која се одликувал овој мал остров. По извесно време Јапониците успеале, освен еден, да ги фатат сите војници.

    Осамениот војник со месеци се криел од едно до друго засолниште избегнувајќи ја потерата. Конечно нашол едно засолниште од кое можел да ја посматра површината на Тихиот океан. Тоа била малечка пештера на врвот на една стрмнина.

    Секој ден ги вежбал знаците на поморските сигнали, така што набргу без грешка можел да ги испраќа овие сигнали со команда на едно скршено огледало.

    Неговите очи внимателно ја пребарувале површината на непрегледното море со надеж дека ќе се појави некој американски брод што ќе го спаси.

    Поминувале месеци додека конечно во далечината не забележал еден брод како се проближувал кон островот. Неговото возбудување растело. Забележал дека на бродот се вее американско знаме. Бргу го извлекол парчето огледало и почнал да испраќа сигнали, известувајќи дека тој е единствениот слободен американски војник на овој остров.

    Мошне претпазливо, кон брегот бил упатен чамец за спасување. Од бродот со дурбин посматрале како низ стрмнината се спушта еден човек. Бил спасен само неколку мига пред нападот на јапонската потера.

    Во извесна смисла христијаните се слични на овој војник. Се наоѓаме на грешна планета од која го испитуваме хоризонтот со надеж дека ќе ни пристигне спасение. Еден "остров", планетата Земја, се наоѓа на работ на самоуништување, и затоа како овој војник копнееме за избавување од гревот.

    Да пристапиме внимателно кон еден од најпривлечните предмети во целата Библија - кон милениумот или илјадагодишнината.

    Постојат многу различни мислења и учења за иднината на нашата планета. Некои учат дека ќе постојат 1000 години мир и среќа пред Христовото враќање, додека други тврдат дека Христос ќе дојде да го воспостави своето царство на Земјата, па така ќе почне златна ера во историјата на оваа планета. Тогаш сите луѓе ќе добијат уште една прилика да се покајат. Кое од овие тврдења е вистинито?


Што учи Светото писмо за иднината?

    На ова прашање тоа одговара вака: 2.Петрова 1,19.

    Ова е учење на Божјата реч што свети на нашиот пат во иднина. Библиските пророштва ни даваат сигурност. Во нив нема нагодувања. Христос јасно ни открил што ќе се случи кога Тој ќе дојде. Да ги проучиме настаните што се однесуваат на Христовото враќање на оваа Земја и да откриеме што учи Библјата за тоа.

    Кога Исус ќе се врати на Земјата, на неа во тој миг ќе постојат две групи на луѓе: праведни и грешни. Меѓутоа, пред неговото доаѓање, веста на евангелието и веста на спасението, ќе се проповеда на целата планета. Сам Исус рекол во Матеј 24,14.

    Во времето на Исусовото доаѓање сите веќе ќе се определат за доброто и за правдата или за злото и за неправдата. Објавата за конечната одлука ќе се разгласи низ целата вселена: Откро. 22,11.12.

    Секој ќе биде повикан да се определи за Христа или против него. Како што било во времето на Исус Навин. (Исус Навин 24,15) Секој ќе треба да донесе неотповиклива одлука. Библијата никаде не учи дека по Христовото доаѓање луѓето ќе имаат некоја друга прилика.

Што всушност учи Библијата за второто Христово доаѓање?

    Кога ќе дојде Христос, како што веќе рековме ќе постојат две групи на луѓе на земјата: праведни и грешни. Кон ова треба да додадеме и мноштво умрени во текот на сите минати векови што исто така би биле праведни или грешни.

    Значи, ќе постојат четири групи: живи праведници и мртви праведници, живи грешници и мртви грешници. Да погледнеме што ќе се случи со живите праведници, кога Исус ќе дојде.

Јован 14,1-3

    Исус ветил дека ќе дојде и ќе ги поведе со себе сите оние кои верно му служат. Библијата кажува уште нешто: Псалам 49,3-5.

    Овие зборови ќе им бидат упатени на ангелските војски што ќе го придружуваат Исуса во неговиот победоносен поход. (Матеј 24,31)

    Вистинската цел на неговото второ доаѓање е спасението на неговиот народ. Пред да дојде Исус, овој свет ќе доживее целосен хаос. Среде уништувањето, пустењето и секое друго зло што ќе земе замав по целиот свет, ќе дојде Исус да ги собере своите избрани од сите краеви на Земјата.

Што ќе се случи со оние што умреле во минатите векови, со оние праведници што со години и векови почиваат во своите гробови?

    Да го прочитаме следниот извештај: 1. Солуњаните 4,16.

    Тоа ќе биде славен ден! Кога Христос ќе дојде, вратата на гробовите ќе се отвори. Сите мртви кои верувале во Христа ќе станат.

    Како што Лазар по четири дена поминати во гроб, воскреснал на Исусовиот повик, така Тој пак ќе проговори и оние што со години биле во своите гробови ќе станат. Апостол Павле овој настан го опишува вака : 1. Коринт.15,51.52.

    Христос го има клучот со кој ќе го отвори гробот. Темнината што илјадници години го држела човештвото во ропство на смртта ќе се отвори. Со својата смрт на Голгота Христос го победил гробот. Смртта е победен противник. Ние сме повеќе отколку победници преку него кој не сака. Затоа живите праведници, со воскреснатите праведници, ќе бидат земени на облаци со цел со Исуса да појдат во својот небесен дом.

Што ќе се случи со живите што не му биле верни на Христа, со оние што ја отфрлиле вистината и му го свртиле грбот на јасните библиски пораки?

    Што ќе биде со нив? Еве го одговорот: Откровение 19,21. Христос ќе дојде да ги спаси праведните, а грешниците да ги уништи.

    Дали сте размислувале за тоа каде ќе се најдете кога Исус ќе дојде? Дали ќе бидете меѓу оние што ќе појдат со него на небото да живеат вечно, или ќе паднете погодени од светлината на неговото доаѓање, вечно исклучени од радоста?

    Апостол Јован својот опис го продолжува во следната глава: Откр.20,1-3.

    На почетокот од илјадагодишниот период сатаната е врзан. Библијата кажува дека ќе биде ставен во вериги и фрлен во "безданата". Што значи ова? Очигледно ова визија има симболично значење. Бездната не е некоја длабока провалија на Земјата. Тоа не е ниту некаква подземна пештера или простор во бескрајната вселена. Меѓутоа, затварањето на сатаната во бездната е симболично прекинување на сите активности на сатаната.

    Грчкиот збор за "бездна" е "абусос". Во грчкиот превод на дел Стариот завет, познат под името Септуагинта, истиот овој збор е употребен во 1. Мојсеева 1,2 и е преведен со зборот "длабок".

    Така со веригите на околностите сатаната ќе биде врзан на опустената Земја и нема никого повеќе да искушува илјада години.

    Во текот на овие илјада години на Земјата нема да има живи суштества освен неговите ангели. Унесреќената и опустошена планета, некогаш прекрасно дело на Божјата сила, во овој период ја покрива темна завеса. Пророкот Еремија вака ја опишува земјата во тоа време:

Еремија 4,23-27.

    Сатаната ќе талка по опустената Земја гледајќи ја нејзината опустеност што ја предизвикал гревот. Тој ќе го види сиот пустош и пропаст што ја преизвикал. Насекаде ќе гледа само смрт и распаѓање. (Еремија 25,33)

 

Што учи Светото писмо за праведниците за време на милениумот?

    (Откровение 20,6.)

    Исус сака милениумот да го поминеме на небото заедно со него. Тој сака да не спаси од уништувањето на оваа планета и да не земе во еден нов свет во кој нема да има страдања, болести ниту смрт.

    На оваа, со грев извалкана планета, Бог на луѓето им дал прилика да живеат во сообразност со начелата на Светото писмо и на тој начин да се определат за небесното царство.

    Ако ги отфрлиме небесните начела овде на Земјата и ако не го усогласиме нашиот начин на живот со нив, нема да ги прифатиме и да ги држиме ниту во небесното царство. Затоа ништо нека не не спречи да ги прифатиме начелата на Светото писмо како правило на нашиот живот овде на Земјата.

    Со што ќе се занимаваат праведниците во текот на тие илјада години? (Откровение 20,4) Апостол Павле таа мисла ја изразува вака: 1. Коринтјаните 6,2.

    Тој суд е подготовка за конечното уништување на злото и на грешните на крајот од милениумот. Тоа уништување се нарекува втора смрт во огнено езеро. Во работата на тој суд ќе учествува Божјиот народ.

    Ниеден нема да биде уништен со пристрасна одлука или со погрешна пресуда што би дошла од Божја страна. Никој нема да биде загубен затоа што немал доволно сознанија за спасението. Ќе бидат загубени само оние кои се побуниле против светлината на Божјето откровение.

    За време на тие илјада години ќе биде даден одговор на секое нејасно прашање што го наметнала големата борба меѓу доброто и злото.

    Апостол Јован пишува во Откровение 20,3.

    Што значи ова? Веќе забележуваме дека при Христовото доаѓање грешниците ќе умрат и ќе останат мртви за сето време од илјада години. Во сообразност со ова сознание апостол Јован ги пренесува Исусовите зборови за две различни воскресенија: Јован 5,28.29.

    Кога ќе заврши илјада години ќе се случи нешто најважно, настан на сите векови: Откровение 20,7-9.

    Ќе воскреснат грешните. Тие ќе го видат новиот град. Ќе сватат што пропуштиле. Сатаната повторно ќе биде активен и ќе се обиде повторно да ги лаже.

    Грешните со својот водач ќе се обидат да го нападнат Светиот град. Библијата вели дека во тој миг ќе слезе оган од небото и ќе ги уништи грешните. Овој оган ќе ја очисти Земјата од гревот и од непокајаните грешници. Тој ќе запали се она што би можело да потсетува на царување на гревот. Светот на гревот засекогаш ќе исчезне.

    Меѓутоа, пророштвото не се завршува во огненото езеро. Постои нешто повеќе, нешто што апостол Петар го опишува вака : 2. Петр.3,13.

    Апостол Јован додава во Откровението 21,5.

    Од пепелта на уништениот свет, сега очистен од смртоносниот отров на гревот, Бог ќе подигне нов свет да биде вечен дом на неговиот народ.

    Уште еднаш накратко да ги повториме сите настани што ќе го потресат светот и што ќе го сменат илјадагодишниот период на судот, а историјата на светот ќе ја поведат во вечноста:

  • На земјата слегува Светиот град со Христа и со светите
  • Второ воскресение (на грешните) добива свое место во историјата. Сатаната ќе биде одврзан.
  • Се завршува конечната земна борба за превласт над светот.
  • Војските на грешните, со својот водач, ќе бидат уништени.
  • Бог ќе создаде ново небо и нова Земја, нов вечен дом за спасениете.

    Големото пророштво на Светото писмо за милениумот истакнува дека во тој период нема повеќе можност за спасение. Сега е време да се одлучиме за вистината. Затоа апостол Павле кажува: 2.Коринтјаните 6,2.

    Да не направиме грешка како што направил римскиот управник на Палестина, Феликс, во времето на заточението на апостол Павле. Кога апостолот му упатил повик да му се посвети на Христа, Феликс ниту го одбил ниту го прифатил повикот.

    Едноставно студено одговорил: "Сега оди си, а кога ќе најдам време, ќе те повикам"! (Дела 24,25)

    Исус не повикува денес да му го предадеме нашиот живот. Тој не љуби и сака со својата крв да не очисти од гревот и да не облече во облеката на својата правда.

    Да ги прифатиме неговите заповеди, тие возвишени начела на неговото управување како правило на нашиот живот, за да можеме да влеземе низ вратата во градот!


Амин!

Copyright © 2000,2001 Seventh Day Adventist Church
Created and maintained by Tony48 Network